Ако сакате high-street торбата да изгледа поскапо од колку што е, главната работа на која треба да мислите е да биде минималистичка. Колку поедноставна, толку подобра чанта. Оваа метода ни ја докажа ZARA повеќе пати во минатото, со своите торби, чевли, капути,…
Оваа сезона, познатиот шпански моден бренд има селекција на минималистички торби, кои изгледаат како дизајнерски парчиња. Ги дефинираат чисти линии, интересни облици и суптилни материјали. Изгледаат cool, модерно и скапоцено, а совршени се за секојдневно користење.