Во новата колекција на Fenty Puma by Rihanna за есен 2017 година, популарните папучи доаѓаат во нешто понова варијанта, така да сега наместо крзно имаат сатенска машна, а доаѓаат во розева и маслинесто зелена нијанса (како и сите останати модели од колекцијата).
“Како Марија Антоанета оди во теретана”, изјави Rihanna во службената изјава за медиумите. “Среќна сум што најпосле можам да ја видам колекцијата на полиците во дуќаните. Ова беше забавно искуство, да се создаде колекција и со нетрпение чекам да ја видам на модната писта.”