Минималистичкиот стан кој го дизајнираше архитектонското студио Sergey Makhno Architects во Киев, креиран е првенствено да биде функционален. Домот се дефинира како пријатен простор за дружење и релаксирање, погоден за продуктивна работа, но и за одмор со книга во раката по долгиот и напорен ден.
Отворениот простор и трпезаријата, делуваат како јадро и место за собирање во куќата. Тука големиот контрст кој постои помеѓу темперетурата на боите создава динамичен, скоро хипнотизирачки впечаток. Зелената софа и фотељите го привлекуваат поглед наспроти неутралната бела и сивата позадина.
Лустерот во облик на паукова мрежа над масичето, го смалува опсегот на ова подрачје, но истивремено и придодава на минималистичката геометрија која го прави идентитетот на овој стан во Киев. Вградените плакари и модерната гардероба се сокриени потполно од видот.
Кога ќе зачекорите во главната спална соба, ќе откриете прозрачен смирувачки енетриер. Бојата на орев и прозорите од подот до плафонот, ја прават оваа соба мирна и удобна.