Coco Chanel e синоном за безвременска мода. Познатата дизајнерка која ја создала модната куќа Chanel, отсекогаш била препознатлива по своите класични модели, оделата од твид и малиот црн фустан. Сега во 2017 година, оваа луксузна француска модна куќа ја глорифицира својата Gabrielle Bonheur Chanel – лансирајќи парфем, торбичка, часовник и линија на накит со незиното име.
Новиот Gabrielle Chanel eau de parfum, ќе биде претставен во јавноста на почетокот на летото, а воедно ова ќе биде прв потполно нов парфем на модната куќа во последниве 15 години. Дури ни составот на парфемот не е се уште откриен – но тоа што го знаеме, е дека ќе биде цветна нота и ќе претставува сето тоа што Coco била пред Chanel.
За сега, можеме да ви ги претставиме само чантите кои следниот мсец ќе се најдат на пазарот – а цените се движат од 3.000 до 33.000 долари!
Новите Chanel Gabrielle торби