Ланец на ресторани, познат под името Sweetgreen, одлучи да направи споредба на ручеток на децата во училишна возраст во светот. По направено истражување, тие презентираа еден навистина описен фотографски серијал во кој се гледа еден типичен оброк кој им се сервира на децата во кафетеријата. Интересен е и односот на количеството на продуктите, каде се гледа каде и колку е обрнато внимание на пирамидата на исхрана. Сепак, фасцинантно е тоа што различни земји ја презентираат здравата варијанта со продукти од нивното поднебје.
Како Вие мислите дека би изгледала македонската чинија?