Piazza del Duomo e главниот милански плоштад.
Токму на оваа локација сместен е интересен пентхаус со прекрасен поглед на плоштадот и Базиликата, но и на целиот град. Цената на овој пентхаус е околу осум милиони евра. Има површина од 600м2 и околу 200м2 тераса, а се простира на две нивоа. Се наоѓа на шестиот спрат, до кој ве води приватен лифт. Кога ќе се качите, наидувате на големо влезно фоаје, кое ве води до дневниот престој, терасата од 40м2 и балконот кој го завзема целиот спрат.
Пентхаусот има кујна, 4 спални соби, работна соба, џакузи, сауна и одвоени купатила, но, и уште еден апартман со купатило и балкон.
На осмиот спрат се наоѓа најголемиот балкон со солариум, кој е опремен и декориран, од каде се гледа Катедралата и целиот град. Овој пентхаус треба да се реновира и модернизира и секако, му треба централно греење и клима. Да напомене дека со станот одат услугата на консиержот и посебен паркинг простор.