Фотографот од Будимпешта Tamas Toth, неодамна одлучил со своите пријатели да одат на спонтано фотографско патување кое ги однело до националниот парк Плитвичките езера во Хрватска. Зимската идила изгледала фантастично, а самиот Tamas одлучул таа убавина да ја забележи со фантастични фотографии кои можете да ги видите во нашата галерија.
За Плитвичките езера, секако би требало да знаете некои основни информации: тие се 16 езера кои се сместени на подрачјето помеѓу Мала Капела и Пљешивица во Лика – во самиот парк извира реката Корана.
Но тоа што не сме знаеле е легендата за Плитвичките езера. На некои карти на Хрватска, тој дел се уште се нарекува Вражјим вртом или Градината на ѓаволот, заради местото каде се наоѓа и историјата. Според легендата, Плитвичките езера настанале после голема суша. Луѓето, животните и растенијата копнееле за капка вода па така народот многу се молел и молел. Тогаш во долината се појавила Црната Кралица со својата величенствена свита и се смислувала на народот – со силен ветер и грмотевици на земјата, конечно почнал да паѓа дождот. Дождот падал долго, се додека водата надошла доволно и ги креирала езерата.