Се… од мебелот до тепихот, од лустерот до рачките на вратите, изработени се по највисоки стандарди. Сместен во посакуваниот “Златен триаголник” во Париз, овој стан зафаќа 325 квадратни метри. Станот на Avenue Montaigne е всушност втор дом на сопственикот.
Сите соби се раскошна комбинација на традиционалната француска елеганција, технологија и современиот стил.
Најдраматична карактеристика во станот е витражот со пердувот од паун во ходникот, инспириран од Belle Époque. Архитектот поминал година дена во потрага за прецизни делови на стакло, кои му биле потребни за да ги реализира своите идеи.