Капењето на мало бебе воопшто не е лесна работа, посебно кога бебето се уште не е во состојба да ја крене главата. Ако случајно треба и да патувате со мало бебе, капењето е уште повеќе проблематично. Но затоа BathPouch, нуди нов и едноставен начин како да го искапете вашето бебе.
BathPouch расте со детето, така да може да се користи во две големини: од 0-6 месеци и од 6 месеци до 3 години возраст. Не морате да купувате поголема кадичка кога ќе ја надрасне кадичката. BathPouch лесно се пакува, пренесува и е штедлив кога станува збор за простор.