Kanye West ја претстави својата Season 5 Yeezy колекција, за време на New York Fashion Week 2017. и по прв пат до сега, овој рапер, продуцент и дизајнер ни претстави модели од тексас материјал. Оваа сезона тој се фокусирал на baggy јакните и пуловерите, панталоните slim-fit, кои ги комбинирал со чизми до половина лист.
Што се однесува до останатите новитети, по прв пат муслиманската манекенка Halima Aden носеше хиџаб на една модна ревија. Kanye исто така се фокусираше и на војничките принтови, како и препознатлвите Adidas линии и графички текстови – како на пример ‘Lost Hills’ или ‘Calabasas’. Преголемите ранци, совршено се вклопија во оваа типично урбана мода.