Дизајнерите Laura Kim и Fernando Garcia ја претставија својата прва колекција за брендот Oscar de la Rentа – есен/зима 2017. Ова дизајнерско дуо, со оваа колекција ја започна новата ера за познатата модна куќа. Ревијата е отворена со одела и кроени парчиња, вклучувајќи го црниот елегантен комбинезон и пантолони во цигара-крој.
Како што течеше ревијата Kim i Garcia ја освежија колекцијата со бои, посебно силните црвена, розе и портокалова. Силуетата на сезоната е фокусирана на кроеви со голи рамена, широки здолништа и асиметрични изрези.
Капутите се важен дел од колекцијата. Што се однесува до вечерната облека, везени цветови и асиметрични силуети, дефинитивно го превземаа целото внимание. Супер моделот Bella Hadid ја затвори ревијата во фустан од плиш и детали од сребро.