Во бизнисот на луксузни недвижнини, последниве години веќе нема граници. Оваа највисока категорија на луксузни станови е претежно во Монако, каде што највисоката зграда е 49-катница(170m) од бетон и стакло, наречена Ла тур Одеон. Горниот петокатен пентхаус, веќе е понуден на пазарот за 335 милиони долари. Архитект на оваа зграда е познатиот Александар Гиралди. Во самата зграда која се промовираше минатата година има повеќе апартмани, вклучувајки го и овој, петокатниот со 3.300 квадратни метри. Апартманот кој има 5 ката, од 45-иот до 49-иот кат, има сала за фитнес, домашно кино, турска бања, тераса и базен со тобоган, од кој по лизгалка се спушта еден спрат подолу, директно во инфинити базенот. Апартманот има спектакуларен поглед на градот и морето, а истотака и поглед од 360 степени.