На 10.02.2017 во Париз, претставени се фустани направени исклучиво од чоколадо, по повод саемот “Le Salon du Chocolat” во Париз. Креациите се создадени од модни дизајнери во соработка со познатите куќи кои произведуваат чоколади. Оваа модна ревија која е посветена на чоколадото, секоја година собира голем број на дизајнери, љубители на чоколадото и слаткари од цел свет.