Во очекувањето на филмот Убавицата и Sверот, кој премиерно ќе се прикаже во март оваа година, The Kensington Hotel во Лондон, одлучил да во своето мени додаде некои тематски јадења и пијалоци од бајките, кои се поволшебни од што можете да си замислите!
Госпоѓа Potts, Chip, Cogsworth и останатите драги ликови, стануваат реални преку прекрасно и детално изработени прибори за јадење, а и самите колачи се инспирирани од култните филмови на Disney. Сега можете да го пробате мусот од белото чоколадо, за кој сме сигурни дека е вкусен. А можете да си нарачате и шампањ по ваш избор.