Доколу сакате на Денот на вљубените да останете дома и зготвите вкусен ручек или вечера, со мали детали украсите ја масата. Инспирирајте се од нашите совети и создадете романтична атмосфера на свој начин.
Интересен детаљ на романтичната маса се заврзани чаши. Изберете украсна лента и околу секоја чаша направете машна, а на работ со штипка прицврстете ги чашите со картичка и убави желби.
За овој посебен ден наместо црвени ружи, можете да одберете нежно розеви. Поставете ја масата, најдобро би било да изберете едноставни бели чинии и на нив да сместите по две ружи. По желба, можете да фрлите и по некоје ливче од ружите на масата.
Приборот за јадење поставете го во чинија, а посебен шарм на вашата маса ќе даде една украсна лента со која можете да ги врзете лажицата, вилушката и ножот. На чинијата расфрлете по некое ливче од ружите со срца, кои предходно сте ги исекле од хартија.
Една од најсаканите декорации секако е бел чаршаф за маса и црвени салфетки. Притоа, најдобро е да се изберат бели чинии и на нив поставете бели платнени салфети во некој облик, околу кој ќе врзете украсна лента, а приборот за јадење завиткајте го во црвена салфета.
Одличен детаљ на вашата маса се и пораките на чинијата. Со коцките за играта “Scrabble” можете да напишете “те сакам”, а подеднакво добро ќе изгледа ако тоа го направите со помош на колачи или бои за јадење.