Alexander Wang во најcool издание до сега!
За својата колекција есен/зима 2017, Alexander Wang се одлучи само за црната боја. Моделите ги испрати на модната писта во комбинации од преголеми капути, супер тесни пантолони и секси фустани и продолжи да владее во светот на cool девојките.
За да ја скрши темната палета на бојата, Wang уфрли и сива, Prince of Wales принтови, на неколку парчиња. Забележавме многу кожни пантолони и јакни. Што се однеува до украсите, Wang ги декорираше модните парчиња со нитни и вештачки дијаманти. Ревијата ја затворија три светликави мини фустани од mesh материјал – во стилот на вистинска Wang девојка.