Да се одбере совршено име за бебе е навистина лична работа, но за неколкумина специјалисти за тоа (навистина необично) подрачје, станува збор за уметност. Така и настанала оваа нова група на професионалци, кои се задолжени да најдат најдобро име, помеѓу повеќето илјади имиња.
Sherri Suzanna, основач на њујоркшката организација “My Name for Life”, која се занимава со проблематиката и пронаоѓање на идеални имиња за бебиња, тврди дека и биле потребни години работа, пред да ги открие прашањата за интервју кое го води со луѓето, кои ја бараат нејзината помош!
Според неа, не бирајте име пред да се запрашате околу овие 6 клучни прашања:
Дали името е популарно? Ако оваа година беа популарни долги имиња Елеонора, Лана, Дора, Марта, Матеј, Габриел,…. во 2017 ќе бидат популарни пократки.
Како името звучи реално – обидете се да замислите како го довикувате своето дете, изговорете гласно!
Дали името ќе излезе од мода? – трендовите доаѓаат и си одат а името останува за секогаш!
Дали името поинаку звучи во другите земји и култури?
Се согласува ли името со вашето презиме?
Како различните генерации реагираат на одбраното име? – Ако вам ви се допаѓа, на вашата мајка, баба и на помлади внуци од братот или сестрата, значи навистина сте одбрале добро име!