Класичната црна кожна јакна, најдобро може да го дефинира секој ваш изглед и да ја освежи секоја ваша комбинација. Тесни фармерки и бела мајца? Само префрлете ја jакната на себе. Кратка блуза и тесно здолниште? Обидете се со кожна јакна и на оваа комбинација. Фустан и кожни чизми?….Разбравте што сакаме да кажеме.
Иако најфината кожна јакна е скапа, не треба да жалите доколку потрошите повеќе од колку што сте планирале – но заради квалитетната верзија на ова клучно парче од вашата гаредроба, секогаш ќе бидете спремни за миг и ќе изгледате “cool”.