“The Earth Table” не е маса стара колку и Земјата, но искористено е дрво за неговата изработка, старо неверојатни 50.000 години.
Овој редок вид на дрво под името илјадагодишен Каури, пронајдено е само на Нов Зеланд, поточно на North Island. Дрвото било закопано во тресетно тло на крајот од последното ледено доба, совршено сочувано под земја, во хемиска рамнотежа со околината околу 50 000 години.
Масата е изработена од Рива (1920), италијанска семејна фирма која произведува дизајнерски мебел. Базата ја проектитал познатиот архитект Renzo Piano, а масата е изработена од комбинација на смола, железо и дрво.
“Станува збор за стилизиран облик на Земјата”, тврдат од фирмата. “Дрвените делови метафорички ги претставуваат континентите, а деловите од смола океаните. Текстурата на дрвото и транспарентноста на смолата, се способни да создадат фасцинантна интеракција насветло и сенки. ”