Ова интересно и мултификционално парче мебел, ќе им биде од голема корист на идните родители дома, но и при престој во хотел на одмор. Немања Кисо е авторот на овој производ, кој е корисен за мали простори или луѓе кои едноставно сакаат практичност, како и сите работи потребни работи за бебето да им бидат при рака.
“Бејби комодата 3 во 1, настана од идејата да со иновативен пристап и необичен дизајн, максимално им помогнам на родителите во намерата да за своето бебе имаат се што им е потребно, при рака. Верувам дека сум успеал во таа намера” – вели Немања.
Оваа бејби комода има три дела кои можат да ротираат со помош на тркала околу столбот во кружен облик, кој е главниот столб на комодата. Првиот дел се фиоките за пелени и облека. Вториот дел е креветчето кое по потреба се врти во саканата насока. Третиот дел е за капење и повиткување на бебето!