Chanel ја претстави haute couture колекцијата за пролет/лето 2017., во парискиот Grand Palais. Во декор кој одговара на art deco стилот од 30-те години во минатиот век, моделите прошетаа по модната писта од огледала, во елегантните фустани на Karl Lagerfeld.
Ревијата се отвори со препознатливите одела на Chanel од твид, кои овој пат се со нагласени структурирани рамена. Во продолжетокот на ревијата, заоблените линии се нагласени со имитација на бисерен накит, везени плетенки и волуминозните здолништа.
Lagerfeld користел луксузни материјали, вклучувајќи ја свилата, сатенот, тантела, марабу и тул. Палетата на бои е со романтично пастелни нијанси и сребрени акценти, заради кои целата колекција добива уште поелегантна и бајковита нота.