Вкусот на Италија во Скопје
Во рамки на проектот “Вкусот на Скопје” на 8. февруари во центарот Јавна соба со почеток во 20:00ч ќе се реализира уште едно необична гатсрономска претстава наменета за пошироката јавност. Во соработка со Марк де Јонг, Јавна соба приредувавечера на која се промовираат најновите италијански рецепти од регионите Тоскана и Венето.
“Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја разскажуваме приказната за одреден регион или земја. За оваа пригода сакам на публиката да и доближам една многу по различна италаинска кујна. Излегуваме од онаа стереотипна италаинска храна која је има на секое ќоше, и подготвуваме патесо ф’стаци, бифтек на венецијански начин и сл. Ова се рецепти кои дома лесно се подготвуваат, па затоа и сакам да им ги подарам на луѓето”, вели Марк де Јонг – кувар.
Со серијата на кулинарски настани во рамки на двегодишниот проект “Вкусот на Скопје” се организираат, тематски вечери и работилници наменети запошироката јавност која е спремна преку овие настани да запознае одблиску една нова култура и ги зголеми своите кулинарски вештини