Оваа интересна збирка на накит е дело на дизајнерката Marija Puipaité од Литванија, која совршено одговара на контурите на телото. Оваа збирка на накит наречена “Embracing Touch”, се прилагодува на одредени делови на телото како на пример – клучната коска, увото, прстите, итн.
Puipaité ги опишува своите дела како бронзени локви кои таласаат по пејсажот на телото.
Секое парче е направено со помош на плочи од восок кои се поставуваат на телото за да се добие саканата форма. Восокот понатаму се испраќа во ливница, а конечниот накит се бруси и полира. Оваа метода овозможува создавање на накит по мерка, иако според зборовите на дизајнерката, различните тела делат изненадувачки слични облици.
Накитот “Embracing Touch” е прикажн за време на Dutch Design Week 2016.