Следниот пат кога ќе бидете под стрес или ви е премногу од некои работи, длабоко вдишете воздух и обидете се да се расположите, со една или повеќе работи од нашава листа. Било кој проект може да почека по масажата или купката….
1. Купете си свежо цвеќе. Само затоа што не сакате работната маса да би биде досадна и безлична.
2. Погледнете го омилениот филм со голема чинија пуканки и чаша црно вино.
3. …уште подобро, одберете некој тажен и исплачете се од срце.
4. Запалете свеќи и наполнете ја кадата. Не штедете на скапи сапуни и масла!
5. Или одберете долго туширање кое вклучува маска за коса , пилинг на цело тело, бричење на нозете….само ако тоа го сакате.
6. Потоа четкајте ја косата споро и долго и почестете се со масажа на темето.
7. Наместо да се фокусирате на работите кои треба да ги направите, напишете ја листата на своите постигнувања.
8. Почестете се со масажа…па зошто не и на лице?
9. Откажете ги сите непотребни планови, како пијалок со пријателката за која не сте ни сигурни дали ви се допаѓа или не.
11. …А потоа, дружете се своите домашни миленичиња цел ден.
12. Одморете се од социјалните мрежи. Нема многу да испуштите!
13. … Потоа, погеднете ги новите епизоди од популарните серии.
14. Завиткајте се во ќебе и читајте ги своите омилени книги.
15. Јадете нешто што ве потсетува на детството или студентските денови.
16. Прошетајте во вашата населба. Без временско ограничување ни задачи кои треба да ги направите.
17. …или одете во најблискиот парк и одушевувајте се на прекрсната природа околу вас.
18. Слушајте музика која ве прави среќни.
19. Изгубете се во боенките…да, да, тоа го прават и возрасните!
20. Играјте или скокајте дома, како никој да не ве гледа. Барем еднаш дневно. Е па тоа – е за вашето здравје!