Шведскиот леден хотел Icehotel 365, кој се наоѓа на 200 км северно од Арктичкиот круг, е еден од најдобрите ледени хотели во светот. Заради временските услови структурата во текот на летните месеци се топи, па уживањето во него е временски ограничено. За да им овозможат на гостите да уживаат преку целата година, со новата технологија на ладење, сега е возможно ледениот хотел да работи 365 дена.
Дел од хотелот и понатаму ќе се растопи по пролетната сезона, но новиот дел ќе остане недопрен. Соларните панели кои го користат убавото време, како и зелениот кров, ја одржуваат внатрешноста на температурата пониска од -5 °C.
Icehotel 365, има сауни, коктел бар и топли соби за оние на кои им е потребна топлина од студот. Доколку одберете VIP апартман, можете да имате сопствен греен простор за релаксирање, сауна и купатило. Ледените кревети во целиот хотел се опремени со дебели мадраци, крзно и топлински вреќи за спиење, кои ве греат во ноќта!