AIM Studio, добиле задача да дизајнираат креативен стан во поранешната деловна зграда во Милано. Така настана станот под името Brazilian Taste, кој дише со складен дизајн, а неговите функционални простории како што се кујната, трпезаријата, дневниот престој и студиото, добро се дефинирани.
“Сопственикот не замоли да размислиме за елегантен, свеж, флексибилен простор кој ќе комуницира со бројни растенија – нивната главна страст”- кажаа архитектите.
Проектот е развиен околу белата бетонска кутија, односно дневниот престој кој е затворен од три страни. Внатре има доволно природна светлина која им помага на билките непречено да рстат, додека различниот еклектичен мебел го прави просторот домашен и удобен.