Tрендот на мали и функционални градски станови продолжува и во 2017 година, за младите луѓе кои се помалку престојуваат во своите домови. Во тој стил, дизајнерското студио CIAO од Лондон, го реновираше малото студио за млад пар и го искористи буквално секој дел од просторот.
Клиентот побара редизајн на станот од 35 метри квадратни кој се наоѓа во лондонскиот кварт Islington – задачата беше да се прилагоди домот не само на станарите, туку и за пријателите кои ќе доаѓаат на гости, а при тоа, да не се прави компромис во просторот. Студио CIAO, создаде ентериер од отворен тип без коридор со вграден мебел по мерка кој штеди во просторот, за станот да изгледа поголем и тоа го направи успешно.