“Модата не е прашање на облеката. Модата е во воздухот, родена над ветерот. Морате да имате интуиција за неа. Таа е на небо и на улица.” Coco Chanel
Денот на Новата година е веројатно највеселиот и најпопуларен ден – еднаков за сите. Без било каква обврска, традиција и религија, ден еднаков ден за сите, кој величенствено ги отвора вратите за сите – за нови почетоци. Правиме нови планови и подвизи, за кои сме спремни. И некако со леснотија оставаме се зад себе и тргаме во нови патувања. Го рестартираме организмот за нови, подобри предизвици, надевајќи се дека тоа што сме замислиле, нема да остане во духот на добро познатата реченица: “од понеделник “.
Правило во облекувањето едноставно нема. Бидете барем една ноќ во годината доволно храбри да бидете поинакви од другите и облечете нешто навистина посебно. Модата во 2016 година нема големи промени, а доколку станува збор за должина на фустанот, може да биде од краток до миди – при изборот на новогодишен фустан поиграјте си со волуменот и симетријата.
Посебно внимавајте посебно на ракавите кои можат да бидат раскошни, дури и предимензионирани кои во комбинација со едноставни долни делови навистина знаат да воодушеват, исто како со кратките или пак долгите ракави со нив одберете здолниште со раскошен волумен.
СРЕЌНА НОВА 2017!