Поголемиот дел од нас завршија со новогодишното уредување на домот, а на други единствено што им недостасува е фантастичната чорапа со пијалок. Доколку сте од тие перфекционистите, кои секоја година сакаат да бидат нови, време е да си набавите Santa’s Flask, односно новогодишна чорапа во која ве дочекува подарок во облик на вкусен пијалок, за новогодишните забави.
Оваа чорапа може да се наполни со различен пијалок – како вино, коктели или пак можете да ја наполните со сок за децата. Изработена е од BPA-free материјали, поточно прехрамбена пластика која ја одобрила FDA. Собира 2,25 литри течност и можете да ја поставите на плакарот во кујната – се нарачува преку Амазон. Дали сте спремни за најдобрата новогодишна забава?! Ние, да.