Авторката и блогерката Claire Thomas, го подели овој едноставен десерт кој можете да го спремите со помош на неколку домашни сосотојки кои сигурно ги имате во вашата кујна и тоа за 2 минути. Claire препорачува на вашиот чоколаден колач да додадете свој зачин што ќе го направи оригинален и ваш.
Состојки:
- 3 лажици млеко
- 3 лажици стопен путер
- 3 лажици брашно
- малку сол
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици кафен шеќер
- 2 лажици какао
- 3 лажици рендано црно чоколадо
- 2-3 капки екстракт од ванила или рум
- Сите течни состојки измешајте ги во шоља, која можете да ја ставите во микроталасната. Полека додавајте ги сувите сосотојки и на крајот ренданото чоколадо и екстрактот од ванила и добро измешајте.
- Керамичката шоља или посуда, ставете ја во 1000W микроталасната на 2 минути. Потоа, пуштете да се излади и по желба префлете на чинија. Додајте голема лажица сладолед или шлаг. Voila!