Индустрискиот дизајнер Hung Lu Chan, креираше оригинален концепт наречен “Napkin Table”. Неговиот дизајн го нагласува односот и интеракцијата помеѓу две личности со овој лесно носив производ.
Оваа салфета-масичка е производ, кој го одразува денешниот начин на живот и како технологијата влијае на тој процес. Луѓето денес се повеќе се одалечуваат од основната комуникација, како што е разговорот и вниманието кон пријателот кој седи спроти вас за време на оброците. Сето тоа заради дигиталните медии. Затоа со овој проект, Chan сака да се врати вниманието на масата за време на јадењето и да се сподели заедничкото искуство.
Мал и цврст производ, ткаенината е водоотпорна и еластична, челикот кој го нудат е лесен, кој лесно можат да го делат две личности во било кое опкружување. Еден успешен обид врзан за овој производ е одржан во паркот, кој резултураше со изненадувачка интеракција!