Заборавте на обичните украси и сјај на брадата, хипстерите сега се определија за најголемиот новогодишен тренд оваа година – од сега на брадата ставаат вистински новогодишни мали светилки, за да создадат додатен свечен изглед на брадата!
East Village E20, London, нуди услуга за средување на брадите на господата кои најмногу од се на своето тело, се грижат за својот моден додаток. Брадите сега се најпопуларни од било кога, подолги – и како да станаа дел од божичниот изглед, а оваа година со додадените сијалички, боите, стиловите и украсите, ја освои популацијата со брзина на олуја.