Можеби една од најважните прилики каде што треба да се изгледаме гламурозно и блескаво, онака како што најдобро умееме, е токму новогодишната ноќ кога насекаде во градот се организираат вечерни, но и дневни новогодишни прослави. Свесни дека поголемиот дел од жените губат драгоцен дел од своето време во размислување што даоблечат на сите прослави каде што се повикани за новогодишните празници, “Магнетик Груп” модната групација издвои 15 новогодишни стајлизни од луксузните модни брендови како “Marella”, “Weekend Max Mara”, “Max&Co”, “Liu Jo” и “Pennyblack” за да одговорат на потребите на модерната жена која секогаш е во движење.
Затоа, во знакот на добрата забава и позитивни вибрации, зачекорете во новата 2017 година со парче кое дефинитивно заслужувате да си го подарите на себе.
Marella
SIMPLY GLAMOUROUS!
Но доколку новогодишната ноќ за вас е оној ден во годината во кој сакате да се претставите во гламурозно и женствено издание во префинето друштво, тогаш топло ви препорачуваме да се одлучите за лелеав фустан кој лесно ќе “паѓа” на вашата сиулета.
Топлите тонови на бои како крем и розова се исклучително нежни и елеганти, па слободно истакнете ја вашата силуета во пределот на половината со додаавање на впечатлив колан и подготвени сте за празничната прослава.
Marella
Marella
Pennyblack
Pennyblack
LIU JO
ELEGANT CASUAL
Расположени сте за дневна новогодишна прослава во опуштена атмосфера со омилените пријатели или колеги? Тогаш ви предлагаме неколку софистицирани шик-стајлинзи кои одлично прилегаат и во деловни, но и за празнични пригоди на секоја префинета и модерна жена, без разлика дали сте одлучни за панталони или фустан.
Имајте на ум дека свилените ткаенини во комбинација со минималистички крој и дизајн се секогаш совршен избор доколку сакате да додадете луксузен, елегантен и софистициран спин на вашиот стајлинг.
Pennyblack
Weekend Max Mara
Marella
LIU JO
ROCK’N’ROLL DIVA
За дамите кои претпочитаат рокенрол – драматичен изглед, клучни елементи се црните, кратки фустани кои во себе содржат блескави елементи. Сребрени или позлатени мотиви на парчињата се повеќе од добредојдени, а must-have елементи се драматичните и масивни аксесоари му даваат нова димензија на вашиот новогодишен стајлинг.
Pennyblack
Marella
LIU JO
Max&Co
Max&Co
Предложените модни парчиња од фотографиите се достапни во “Marella”, “Weekend Max Mara”, “Max&Co”, “Liu Jo” и “Pennyblack”во
Рамстор Мол.