Мирјана Милошевиќ е српска артистка која за многу кратко време стана позната ширум светот со својата необична уметност. “Body painting” е нејзината специјалност која секако е многу тешка за изведба како што изјави оваа уметница бидејќи кожата е многу мека и може да ве одведе во погрешен правец. Но, секако ова за неа не претставува голема потешкотија и таа вели дека се што ќе замисли и го реализира со оваа техника. Погледнете како тоа изгледа, сосема необично, но и уникатно во исто време!