Фирмата Pantone јa откри бојата за 2017. која сигурно насекаде ќе ја гледаме следната година. Под името Greenery, односно зеленило, Pantone ја опиша бојата како спој на жолто-зелената, која често ја гледаме во нијансите на листовите и која зборува за нашите потреби за изразување, експериментирање и креирање иновации.
Greenery или Pantone бојата со број 15-0343, пред некој месец беше спомната и како едена од 10- те хит бои и во модната индустрија за сезоната пролет-лето 2017. Во интервјуто за New York Times, извршната директорка на Pantone Color Institut Leatrice Eiseman, изјави дека одбраната боја е одговор на стресниот и напнат свет!
“Знаеме каков е светот во кој живееме – многу стресен и многу напнат. Ова е бојата на надежда и нашата поврзаност со природата. Оваа боја не регенерира, освежува, оживува, осовременува. Секоја пролет влегуваме во нов циклус и тоа е нешто заради кое секогаш морам да гледам напред и да се веселам на иднината”- кажа Leatrice Eiseman.