Колку пати сме заборавиле да го налиеме цвеќето? За среќа, сега постои саксија за цвеќе “The Natural Balance”, која го потсетува сопственикот кога на тлото му е потребна хидратација. Теглата и спремникот се поделени со помош на дел кој ја пропушта водата, а изработен е од теракота. Тоа овозможува водата да оди до коренот и тоа само кога на растението му е потребна.
Студиото Lorier кое стои зад “The Natural Balance” саксиите, верува дека овој едноставен производ го прави животот полесен и забавен. Со нежно затресување на саксијата, билката постепено се храни, а кога и е потребна вода, саксијата се наведнува.