Идејата на актерката и активистка Џоана Ламли, The Garden Bridge Project, полека станува реалност. Имено, компанијата Heatherwick го презема проектот за изградба на мост со површина од 6000 метри квадратни, од кои 2500 ќе се покријат со прекрасна градина од разновидни дрвја и цвеќиња. Идејата зад проектот е да има повеќе зеленило во Лондон, па дури и на вакви урбани локации. Уште една придобивка е да има што повеќе пешаци кои ќе можат да го користат мостот за да стигнат од едно до друго место. Мостот е планирано да се заврши до 2019.