Престолнината на Австрија Виена, е секогаш интересна дестинација за патување, посебно за престојните божиќни и новогодошни празници. Како да поминете и што да посетите за еден поминат викенд во овој милионски град секако покрај вашиот шопинг!
Ви предлагаме вашето патешествие да го започнете со посета и разгледување на палатата “Hofburg”, која патем да споменеме била зимска резиденција на династијата Хабсбург. Секако мора да влезете во музејот на кралицата Sissy која заедно со својот сопруг Franz Joseph владееле цели 70 години. Во непосредна близина се наоѓа и познатото Шпанско школо за јавање кое постои и има богата традиција од 450 години.
Ваша следна посета ви предлагаме да биде познатиот музеум “Albertina” кои ги поседува најпознатите дека на импресионистите-сликари на минатиот век. Во моментов е во тек изложбата на познатиот сликар Edward Munch која можете да ја посетите и која ќе биде отворена до 24 јануари 2017 година. Ако сакате да ручате ви прелагаме тоа да биде во познатиот “Nachtmarkt”, еден од најстарите маркети кој е отворен во 1786 година а во кој може да изберете каква храна и да посакате и за секакви цени. По вашиот ручек може да го посетите клубот (Das Loft) каде ќе уживате во прекрасните коктели но и во преубавта глетка на катедралата “ST. Stephan” во која секоја недела се одржуваат величествени миси а ако ја посетите Виена за време на викенд ќе може и вие да присуствувате на оваа церемонија. Катедралата е изградена во 14 век во готски стил и тоа врз рушевините на стара црква.
И за крај на ова викенд-патување би можеле да го посетите паркот “Belvedere”, кој ќе ве плени со својата убавина а ќе може да си уживате во глетката пијеќи кафе а секако и да ја вкусите надалеку познатата Sacher торта.
Се надеваме дека ви се допадна овој наш предлог при изборот за едно викенд патување!