Сместена во Јапан, оваа семејна куќа е прав доказ дека минимализмот не е резервиран само за самци или парови без деца. Дизајнирана 2016 година, опремена е со едноставен, спартански дизајн кој овозможува малите детали да дојдат до израз.
Трпезариската маса од дрво, редена како рибја кост е во спротивност со рамните дрвени даски и едноставните ребрасти греди на таванот. Се е изградено од слични материјали, заради што разликата во деталите е далеку повпечатлива.
Посебен акцент е ставен на природните материјали како дрвото и каменот како и меката пригушена палета на сивата и сината боја.
Прозорот во висина на очите овозможува поглед кон дворот, истоврмено нуди чувство на приватност. Косината на кровот овозможува снегот и дождот нежно да паднат од него.
Секој агол внимателно е искористен, а најмногу внимание привлекува sидот за качување кој оди до повеќенаменскиот кров, докажувајќи дека минимализмот може да биде луксузен и забавен.