Овој реновиран стан има отворен дневен престој со простор за готвење и работа. Дизајнерите срушиле еден преграден sид и така создале простор од 96 метри квадратни, од каде се простира поглед на улица во главниот град на Австија, Виена. Отворениот голем простор служи како кујна, биро за работа и место за средби. Дизајнерскиот тим инсталирал уште една маса која функционира за јадење но и како работна единица, кога е потребно.
Sидовите во кујната и ходникот се обоени со пригушени бои, со сини и розеви плочки на кои се истакнуваат куките, на кои власниците ги поставуваат своите точаци.
Спалната соба које е поинтимна од останатите простории во станот, обоена е во сини тонови а има и колекција на дрвени клинови, вградени во sидот за да се остават капи, шалови и слушалки.