Хостелот “Book and Bed” во Токио стана голем хит. Веднаш по него се отвори и вториот хостел “Book and Bed“2, во Кјото. Овие хостели нудат спиење во лежаи изградени внатре меѓу полиците со книги. За читање гостите можат да изберат 5000 книги, од богатата збирка на англиски и јапонски јазик. Хостелот има 20 лежаи, а цените се 39 долари за ноќ. Плаќањето се врши само со картица, затоа ако планирате да одите во посета на Јапан, не го заборавајте тоа.