Пеачката и глумица Jennifer Lopez (47), за декемвриското издание на Harper’s Bazaar, позира покрај базен во прекрасни шарени чизми и сандали. Но тоа е не најважното, овој пат вниманието го привлекува со фактот дека таа креираше колекција на чизми и сандали со дизајнерот Giuseppe Zanotti.
За самата соработка со познатиот дизајнер таа изјави -” Имам посебно чувство околу начинот на кој се облекувам и дизајнирам, па така и се предадов на целава работа. Луѓето најчесто ме поврзуваат со монистри и сјај, сакав и во колекцијата да внесам малку од тоа, но секако да остане гламурозна и луксузна.”
Мораме да забележиме дека Jennifer никогаш не изгледала подобро, облечена во моделите на Balmain, La Perlа, Missoni и многу други.