Студиото Santiago Brotons Design, неодамна заврши со креирање на ова берлинско поткровје со индустријски стил и три тераси со поглед на градот. Прекрасниот пентахаус се наоѓа во близина на познатиот берлински шопинг центар Ku’damm.
Станот има отворен простор, исполнет со природно светло. Дизајнерите користеле дрвени греди обоени во бело, за визулено да се разликуваат функционалните зони.
Sидовите од цигла, остваат топол впечаток. Кожата, челикот и меките ткаенини го обединуваат дизајнот, давајќи му можност на окото да ги забележи интересните детали кои станот ги има во изобилие. Така во станот можете да ги најдете и прекрасните дела на уметницата Isabelle Trimmel, која внесува современо чувство за простор.
Спалните соби се удобни и светли, а мини сауната во купатилото, создава слика на мал хедонистички рај во Берлин.