Можеби се прашувате – металик кармин? Меѓутоа овој голем makeup тренд би можел и вас да ве заинтересира: металик нијансите, се одличен избор за сите тенови на кожа, само е потребно малку храброст да ги пробате!
Уште пред неколку сезони златниот кармин во своите колкции го претставија Burberry, Tom Ford, Dolce & Gabbana, но и брендот Bobbi Brown. Сем што е хит, металик карминот е совршен и за празниците кои следат!
До колку сакате пополни усни, над металик карминот додате во средина на усните highlighter или сјај.