Отворајќи го својот гардеробер секое утро, дамите се соочуваат сo голем број на модни дилеми – најмногу заради недостатокот на слободно време за комбинирање на парчињата што ги поседуваат. Свесни за нашето брзо секојдневие, Италијанскиот моден бренд Max&Cо, побара стручна поддршка од стилската иконa Оливиа Палермо, за да ни помогне во градењето на новите правила на модата.
Како секојдневен извор на инспирација за жените во светот, Оливиа Палермо е препознатлива и воздигнувана токму заради нејзиниот специфичен моден стил – резултат на природен шарм и способност за совршена комбинација на класичното со модерното.
Дефинирајќи го својот стил како еклектичен со елементи на луксузен сјај, Оливиа многу често е забележана во комбинација од едноставно монохтоматско парче во комбинација со друго впечатливо парче, а сето зедно со примеси на луксузни аксесоари.
Како долгогодишно заштитно лице на брендот Max&Co, Палермо смета дека тајната на совршениот зимски стајлинг е во умешноста на комбинирање на парчиња од брендот кои имаат модерен крој со класични парчиња, како елегантни деловни панталони во комбинација со впечатлив џемпер од кашмир, кој визуелно оддава луксуз и шик изглед за дневните часови.
За вечерни пригоди пак, не изоставувајте го златното модно правило, дека помалку е повеќе. Затоа, нема да погрешите доколку се одлучите за комбинација од свилена кошула со примеси на заводлива чипка и еднобојни панталони за да балансирате помеѓу стиловите на парчињата.
Следејќи го пак правило на Италијанскиот бренд, кое не охрабрува да комбинираме класично со модерно, додавањето на ексцтентричен моден додаток како впечатлива марама во вашиот есенски стајлинг е must-have правило, кое дефинитивно му дава нова димензија на секојдневниот стајлинг.
Но не смееме да не ги споменеме и чантите кои дефинитивно не изостануваат во ниту една градска приказна на оваа њујоршка модна ѕвезда. Како што вели, големите и просторни чанти се неизоставен дел, без кои ниту една модерна жена не би требало да го напушти својот дом.
Сите парчиња од фотографиите се достапни во продавницата на Max&Co во Рамстор Мол.