Најновите модели на чевли на модната креаторка Stella MacCartney станаа вистински хит по улиците на Лондон откако беше одржана модната недела во главниот град на Англија. За сите дами кои сакаат да изгледаат повисоки а сепак да го задржат спортскиот стил на облекување овие модели се направени токму за нив. Тие се многу практични, удобни и може да се комбинираат и да се носат во скоро секоја прилика.
Во продолжение погледнете некои од овие модели и изберете го вашиот омилен модел!