Внатрешниот дизајн претставува максимизирање на визуелен впечаток на затворен простор преку оптимална употреба на бои, материјали, светлина, земајќи ја во предвид пред се функционалноста на просторот и создавањето на хармонична атмосфера. Вообичаено е да се мисли дека работата дизајнер на ентериер се состои само за осмислување на бои за ѕидовите, материјали и форма на мебел, декоративни елементи и нивното распоредување, но сепак во реалност работата на ентериерниот дизајнер е многу покомплексна.
Процесот на внатрешен дизајн се одвива во четири фази: во фокусот на дизајнерот е секогаш желбата и визијата на сопственикот на домот. Разговор со клиентот е од клучно значење и е почетна фаза на внатрешното уредување. Следна е подготовката на прелиминарни предлози, кои бараат одобрение од сопственикот, по што дизајнерот тргнува во потрага по конкретни предмети и мебел, а тој е одговорен и за преговорите за цена на избраните материјали, мебел и роковите на испорака на истите. Во претпоследната фаза архитектот- дизајнер е одговорен за координирање и спроведување на комплетната идеја и замисла, соработувајќи со мајстори за различни фази, столари и останати стручни лица за постигнување на бараниот резултат. Завршната фаза ја сочинува најубавиот дел од работата, а тоа е комплетирањето на уредувањето и потврдата дека целиот проект е изработен според желбите на сопствениците.
Со ангажирање на дизајнер на ентериер добивате идеални предлози и решенија за уредување на вашиот нов дом, функционални решенија со потребни градежни фази, 3D приказ од просторот, изработка на јасен и точен трошковник, стручен тим кој работи на исполнување на вашата замисла за идеален животен простор. Архитектонско дизајн студио Култ Дизајн лоцирано во центарот на Скопје, нуди комплетни услуги за уредување на приватни и деловни објекти, а во својата богата понуда на услуги вклучени се и ентериерни материјали и кујни од најпознатите европски производители.
https://www.facebook.com/KULTDesign/