Суптилноста понекогаш е многу помоќна од очигледните нешта, барем кога станува збор за артистичките форми. Chrissy Angliker е уметница од американско и швајцарско потекло која моментално живее и твори во Бруклин, Њујорк. Со користење на т.н. glitch уметнички техники, Криси слика портрети, сцени од плажа и други форми и детали кои се оставени на интерпретација на гледачот. Нејзините дела се карктеризираат со мешавина од силни бои и релјефни облици со кои доаѓа до израз техничкото и уметничкото мајсторство на авторот.