Јапонскиот Nissan, во соработка со британското дизајнерско студио Hardie, го трансформираа моделот ‘E-NV200’, комбе кое не произведува штетни плинови во прва на свет, мобилна канцеларија.
Оваа професионална канцеларија на тркала, има интергрална работна маса со столица, бежичен интернет, бежичен полнач за полнење на мобилниот, Bluetooth аудио состав, LED светла со кои се управува преку мобилниот, мини фрижидер и квалитетен апарат за кафе – значи се што ви е потребно!
Во работниот простор се наоѓаат две кожни столици, кои овозможуваат состанок за две личности. Она што е најдобро, што ова комбе троши само 3 центи по километар, па така можете лесно и ефтино да избегате од градската врева и да работите понатаму на чист воздух и во мир.