Долготрајното седење е поврзано со зголемување на гладот, висок крвен притисок, високо ниво на шеќерот во крвта, запаленија и болки во зглобовите и мускулите.
Сега е време за добри вести – постојат многу работи кои можете да ги направите за време на работниот ден, за да ги избегнете негативните нуспојави од седењето, вклучувајќи го истегнувањето, пешањето по фирмата на секои 30 минути, да купите висок стол за работа и консумирање на правилна храна.
Поточно, би требало да јадете намирници како што се авокадо, ореви, бобичасто овошје и ананас – ако седите на столица по цел ден. Исто така се препорачува додавање на маслиново масло, куркума, лук, зелен чај, семки од лен и мрсна риба како лосос, во својата секојдневна исхрана (иако тие состојки можат малку потешко да се вклопат до канцелариската исхрана).
Овие состојки, можат да помогнат да се намалат некои здравствени ризици, поврзани со седечкиот начин на живот. Тие намирници се покажаа извонредни во борбата против штетата која си ја правите седејќи на работа и ве водат кон поздрав, со помалку дебелеење начин на живот.